Криси Тиген повторно е бремена! Две години по големата загуба во нивното семејство, со Џон Леџенд очекуваат уште едно бебе

Кармин

04/08/2022

13:31

5.937

Големина на фонт

а а а

Манекенката Криси Тиген и пејачот Џон Леџенд открија дека очекуваат дете.

За потсетување, Криси пред две години доживеа спонтан абортус, а болката која тогаш ја чувствувала, ја опиша детално на својот Инстаграм профил.

Криси по спонтаниот абортус одела на ИВФ, а вчера ја објавија среќната вест.

„Последните неколку години, во најмала рака беа полни со емоции, но нашиот дом и срца повторно се исполнети со радост. После милијарда инјекции (кои, како што гледате, во последно време најмногу ги примав во ногата), очекуваме уште едно дете“, напиша таа.

Криси додаде дека се плашела од уште една бременост откако во септември 2020 година имаше спонтан абортус.

„На секој преглед си велев себеси – во ред, ќе објавам дека сум бремена, ако детето е здраво. Веднаш ми е полесно кога ќе го слушнам чукањето на срцето и сфаќам дека сепак сум премногу нервозна за да ја објавам веста. Мислам дека никогаш повеќе нема да завршам со прегледи и да бидам повеќе возбудена отколку нервозна, но досега сè е совршено и се чувствувам прекрасно. Беше многу тешко да се сокрие фактот дека бев бремена толку долго“, открива манекенката.

Криси и Џон ја имаат 6-годишната ќерка Луна Симона и 4-годишниот син Мајлс Теодор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk