Многумина ја нарекуваат „најгрдата среќничка“: Бракот на згодниот актер со жената која ја сака веќе 26 години е еден од најскладните во Холивуд

Точка

06/07/2022

12:26

10.250

Големина на фонт

а а а

Тој некогаш бил голем заводник и е еден од најубавите мажи во Холивуд, а таа е постара од него 13 години и двајцата уживаат во бракот уште од 1996 година.

Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес иако се трудат да го скријат својот приватен живот, многу често се тема во медиумите, а нивната среќа ништо не може да ја наруши.

Тие често се и тема на лоши коментари кога ќе се појават во јавноста, но на нивната идила не ѝ пречи ништо.


Овојпат, познатиот холивудски актер бил фотографиран во обична прошетка и делувале многу среќно.

Хју отсекогаш важел за фатален маж, па неговата врска со Дебора била изненадувачка, со оглед на тоа што многумина коментирале дека тој може да биде заедно со некоја убавица од Холивуд.

Тие денес се родители на две деца кои ги посвоиле, а важат за еден од најскладните парови на јавната сцена, иако се чести коментарите дека Дебора изгледа како да му е мајка, а не сопруга, сепак тие и натаму уживаат во својата семејна среќа.


„Пред сè најтешко беше сознанието дека јас и мојата сопруга не можеме да имаме биолошки деца. Кога станува збор за посвојување, покрај биолошките деца сакавме да посвоиме барем едно дете, но на крај посвоивме две. Кога се постави прашањето дали сакаме да посвоиме дете, немаше размислување. Морам да кажам, иако процесот на посвојување беше навистина тежок, депресијата веднаш исчезна и сега сме најсреќни родители на нашиот 17-годишен Оскар и 12-годишната Ев. Не ги сметам за посвоени, тие се наши деца“, раскажал актерот своевремено.


Судејќи по последните фотографии, Хју и натаму е згоден, посакуван и насмеан со сопругата која ја сака и не се огласува по повод негативните коментари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг