Науката тврди дека ова е најубавиот маж на светот – се согласувате ли?

Кармин

06/07/2022

09:28

14.699

Големина на фонт

а а а

Како што тврди науката, британскиот актер Роберт Патинсон е најубавиот маж на светот.

Неговата убавина проценета е со помош на старогрчката метода за пресметување која се нарекува златен пресек.

Значи, со неа се одредува физичката совршеност на некоја личност. Колку што лицето е поблиско до пропорциите 1:1, 618, толку личноста е посовршена.


„Утврдивме дека Роберт Патинсон дефинитивно е победник, откако ги извршивме потребните мерења на лицето“, изјавил докторот Џулијан Де Силва во разговор за „LadBible“.

Лицето на овој актер е 92,15 отсто освршено. На листата зад него се наоѓаат Хенри Кавил (91,64 отсто), Бредли Купер (91,08 отсто), Бред Пит (90,51 отсто) и Џорџ Клуни (89,91 отсто).

Да ве потсетиме, Патинсон во 2020 година првпат беше прогласен за најубавиот маж на светот, а очигледно успеал да ја задржи оваа титула.


Исто така Бела Хадид во 2019 година стана најубавата жена на светот и сè уште никој не ја симнал од тој трон.

Се согласувате ли со ова?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk