Вимблдон во сенка на Јелена Ѓоковиќ: Со овој стајлинг ги „запали“ социјалните мрежи – сите гледале во ова

Кармин

04/07/2022

15:32

10.536

Големина на фонт

а а а

Новак се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, а неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ на секој меч храбро го бодри од трибините.

За секое негово излегување на теренот таа подготвува совршен лежерен стајлинг.

Слободното време помеѓу натпреварите, Јелена се труди да го искористи на многу квалитетен начин, па така, го посетила и музејот на Вимблдон.

За сè што прави ги известува и своите следбеници на Инстаграм.

За таа прилика избрала сосема едноставна комбинација на облека – бела маица и кремасти панталони, додека целиот стајлинг го надополнила со интересен ѓердан.

Меѓутоа, она што ги „запали“ социјалните мрежи е нејзината чанта! Имено, Јелена носела Диор чанта која чини неверојатни 3.350 евра.

За тоа дека сопругата на Новак не штеди кога се квалитетни парчиња облека во прашање, покажува и фактот дека пред само неколку дена се појавила во црвени чевли од речиси 1000 евра.

Секако, според многумина, Јелена има многу инстенчен вкус за мода и многу ретко прави некоја грешка.

Погледнете во продолжение неколку нејзини најдобри изданија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk