Се зборуваше дека Џери Хол го остави 91-годишниот милијардер, а всушност се разведуваат поради ова - ја понижил како никогаш порано!

Точка

27/06/2022

17:45

9.196

Големина на фонт

а а а

Иако во очите на јавноста, и покрај големата разлика во годините, милијардерот Руперт Мардок (91) и пензионираната манекенка Џери Хол (65) делуваа како хармоничен пар, сепак дошло до развод по 6 години брак, а многумина беа убедени дека таа го оставила сопругот.

Меѓутоа, како што стојат работите, приказната е сосема поинаква, односно манекенката е таа што е оставена и тоа поради најбанална причина.


Работата да биде уште полоша, Мардок ја понижил со тоа што не ѝ ја соопштил веста за разводот лично, туку преку СМС порака, а поранешната манекенка останала шокирана од ненадејниот крај на врската.

Имено, пријатели на славниот пар откриле дека причината за развод било тоа што имаат различен начин на живот, но и дека Џери консумира цигари. Овие приказни се сосема во спротивност со теориите на Твитер каде многумина се убедени дека манекенката е таа што кажала „збогум“, меѓутоа, тие целосно се совпаѓаат со она што го кажал еден од поранешните соработници - дека не треба да биде во врска со Руперт Мардок бидејќи во еден момент тој се врти против љубовниците и ги отфрла.


Инаку, Џери и Мардок првпат се појавија во јавноста како пар на финалето на Светското првенство во рагби во Твикенхем во Лондон во октомври 2015 година, каде тој беше фотографиран како ја бакнува во образ додека таа блескаше од среќа. Првото појавување во јавноста беше следната година на Златните глобуси, а пријателите тврдеа дека милијардерот никогаш не бил посреќен.

Џери Хол, познат американски модел и актерка, претходно беше во долга врска со легендарниот фронтмен на „Ролинг Стоунс“ Мик Џегер, со кој има четири деца, но тие двајца никогаш не се венчаа во текот на нивната 22-годишна врска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг