Експерт ги појаснува најновите работи во врска со дрогата пронајдена во телото на Матеј Периш: „Имал некоја енергија во себе нешто да прави...“

Точка

27/06/2022

20:53

9.092

Големина на фонт

а а а

„Дрогите се како коронавирусот, се шират и се пренесуваат од личност на личност, а политичарите ниту една сериозна расправа не иницираа, без оглед на моите апели“, предупредува угледниот психијатар и експерт Славко Сакоман.

Тој ги коментирал и токсиколошките наоди на Матеј Периш:

„Не бил во алкохолизирана состојба затоа што би губел координација, имал некоја енергија во себе нешто да прави, но мозокот очигледно не функционирал когнитивно нормално. Нешто барал, одел лево-десно затоа што во себе имал комбинација на амфетамин и кокаин, што е потврдено со анализите“, појаснил Сакоман за „N1“.

Тој споменал дека таа дрога создава чувство на еуфорија, моќ и сила, а истовремено ја крати можноста за разумно однесување:

„Затоа одел така зашеметено, а дали некој го турнал или пак сам се лизнал и паднал во реката, тоа ќе остане тајна“, заклучил психијатарот и експерт за лекување од зависност.


Да ве потсетиме, министерството за внатрешни работи официјално соопшти дека со ДНК анализата на телото кое беше пронајдено во Дунав кај Ада Хуја, е потврдено дека станува збор за хрватскиот државјанин Матеј Периш (роден 1994 година), чие исчезнување беше пријавено во полиција во Белград на 31 декември минатата година.

Според прелиминарните наоди од обдукцијата, смртта настанала по ненасилен пат. Припадниците на Министерството за внатрешни работи од моментот на пријавата на исчезнувањето на хрватскиот државјанин, интензивно трагаа по него и ги презедоа сите мерки за да го пронајдат и да ги расветлат фактите и околностите на исчезнувањето.

На пронаоѓање на хрватскиот државјанин биле ангажирани и припадници на Полициската управа од Белград, нуркачки екипи, управа од криминалистичката полиција, полициската постава за безбедност на реките, како и сите полициски станици на територијата на град Белград.

Еден месец откако беше пронајдено телото на Матеј Периш, пристигнаа резултатите од токсиколошките анализи кои покажаа присуство на токсична концентрација на амфетамин и кокаин во крвта во организмот со присуство на етил алкохол.


„Идентификуван е кокаин и бензоилекгонин. Комисиското вештачење го правеле тројца вештаци, доктори специјалисти по судска медицина. Да потсетиме дека припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, од моментот на исчезнувањето на Периш интензивно трагаа по него и ги презедоа сите мерки во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград, за да го пронајдат Матеј Периш и да ги расветлат фактите и околностите за неговото исчезнување.

На пронаоѓањето на Матеј Периш биле ангажирани припадници од Полициската управа од Белград, нуркачки екипи, управата на криминалистичката полиција, полицијата за безбедност на реките, како и сите полициски станици на територија на град Белград“, се наведува во соопштението.


Вишото јавно обвинителство во Белград утврди дека нема основа за сомнеж дека смртта на хрватскиот државјанин Матеј Периш (27) е последица на извршување на кривично дело, имајќи ги предвид сите околности од неговото исчезнување ноќта меѓу 30 и 31 декември 2021 година, до пронаоѓање на неговото тело на 18 мај во реката Дунав кај Ада Хуја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг