10-годишниот син на славниот актер со „Lamborghini“ удрил во паркирано „BMW“, на критиките им нема крај – „Неодговорен татко“

Точка

27/06/2022

13:25

7.595

Големина на фонт

а а а

Бен Афлек се нашол во центарот на вниманието откако на неговиот 10-годишен син му дозволил да застане зад воланот.

Славниот актер Бен Афлек се нашол во центарот на скандал поради несреќата која ја предизвикал неговиот 10-годишен син.

Малиот Самјуел, иако има само 10 години, седнал зад воланот на „Ламборџинито“ на неговиот татко, па удрил во „BMW“ кое било паркирано зад него.


Како што пренесуваат странските медиуми, Семјуел со својот татко и неговата свршеничка, Џенифер Лопез, отишол да купи луксузен автомобил, а во еден момент Афлек му дозволил на своето дете да седне на местото возач додека моторот на неговото жолто „Lamborghini“ работел.

Детето потоа во еден момент префрлило во рикверц, а автомобилот тогаш го допрел предниот дел на бело „BMW“ кое било паркирано зад него. Семјуел бил на возачкото место со отворена врата, додека неговиот татко Бен се наоѓал меѓу вратата и возачкото седиште.


По контактот со другото возило, Афлек отишол да погледне што точно се случило, а неговиот син исто така излегол од автомобилот.

Кога утврдиле дека штетата не е страшна, актерот го прегрнал својот син, додека Џеј Ло го држела за рака, па си заминале.


ПР тимот на славниот актер за „TMZ“ изјавил дека немало никаква штета, и дека двете страни се задоволни и дека немало никакви проблеми.

Сепак, јавноста е шокирана од постапката на славниот актер, и под речиси сите објави за настанот го нарекувале многу неодговорен.

„Зошто 10-годишно дете седнува зад воланот?“, „Неодговорен татко“, „Тоа се богатите“, „Страшно“ – се само некои од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг