Доста беше криење: Славни жени кои одбиваат да го „камуфлираат“ целулитот на плажа

Кармин

21/06/2022

18:45

10.512

Големина на фонт

а а а

Многу од жените кои деновиве ќе се упатат на некоја плажа или летувалиште нема ниту малото ножно прсте да го стават во вода.

Ќе седат некаде под сенка и нема да се соблечат ниту по бикини затоа што го кријат тоа што го имаат на своето тело.

А, од што точно се срамат жените? Своето природно тело, телото какво што може да се види на секој чекор. Истражувањата покажуваат дека 90 отсто од жените имаат целулит.

На светот моментално има околу 4 милијарди жени и судејќи по статистиките, 3,6 милијарди од нив имаат целулит.


Во последните 15-на години сведочиме на голем напредок во перцепцијата на изгледот на телото кое се случи благодарение на „плус сајз“ движењето. Повеќе од кога и да е свесни сме за тоа дека треба да внимаваме на нашето здравје, но истовремено не смееме да го казнуваме нашето тело поради тоа што не изгледа во склад со наметнатите стандарди за убавина.

Манекенката Ешли Грејам од почетокот на својата кариера ги руши предрасудите и ги поттикнува жените да го сакаат своето тело во неговиот природен облик.


„Јас вежбам, давам сè од себе да јадам здраво. Ја сакам кожата во која се наоѓам. Не се срамам од целулитот, а не треба ниту вие да се срамите“, порачала таа своевремено.

Пејачката Камила Кабељо неодамна повторно се најде на мета на критики поради изгледот на нејзиното тело.

Папарацо фотографите ја „уловиле“ во текот на престојот на некоја плажа и на тренинг, а нејзините фотографии повторно го обиколија светот.


Злонамерните корисници на социјалните мрежи го критикувале нејзиниот целулит и стомак, но Камила имала јасна порака до сите нив:


„Трчав во паркот со обид да бидам фит и да останам здрава. Носев топ којшто го открива стомакот којшто не го вовлекував. Само трчав и егзистирав како нормална личност која не го вовлекува стомакот цело време. Благодарна сум на ова тело кое ми дозволува да направам сè што треба. Ние сме реални жени со целулит, стрии и сало“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk