Ѝ кажаа дека личи на бебе кит, а новите фотографии повторно предизвикаа полемика: „Од кога здраво женско тело изгледа вака?“

Кармин

09/06/2022

10:16

59.612

Големина на фонт

а а а

Камила Кабељо повторно се нашла на удар на критики. Младата пејачка неретко ја прозиваат откако се здебели, а по новите фотографии коментарите повторно се остри.

Пејачката Камила која ја прослави планетарниот хит „Сењорита“, била фотографирана на јахта во Портофино во атрактивно бикини кое предизвикало бурни коментари на социјалните мрежи.

Исто така имало многу критики кои истакнуваат дека ваквиот модел на бикини не ѝ одговара на нејзината градба, а имало и такви кои тврдат дека баш вака изгледа просечното женско тело.

Имено, во еден момент папарацо-фотографите ја фотографирале пејачката одзади, а фокусот бил на нејзиниот целулит на колковите и задникот, што очигледно на поединци не им се допаднало, а тие не бирале зборови за да ја понижат пејачката.

„90 отсто од коментарите на овие фотографии гласи дека вака нормално изгледа женското тело??“, пишува во твитот којшто ја започнал полемиката.

„Што? Од кога жената треба вака да изгледа?“, „Жената нема 100 килограми, ниту приближно. Има целулит и стрии, како секоја друга жена. Има неколку килограми вишок, вака изгледа просечна жена. И да, за многу од луѓето ова е идеална убавина, а не „совршено“ фотошопирано тело“, „Има вишок килограми, но кои сме ние да ѝ судиме?“, биле само дел од коментарите.

Камила избегнувала да реагира на негативните коментари, но во еден момент таа јавно им се обрати на следбениците со порака дека ѝ значи да биде здрава и дека треба да го нормализира целулитот и вишокот килограми.

Дали по ваше мислење вака треба да изгледа здраво, женско тело?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk