Аманда Холден максимално ги користи сончевите денови во Лондон и демонстрира стил и елеганција во совршени летни варијанти.
Аманда, попозната и како судија во емисијата „Британија има талент“, ги воодушевила лондонските минувачи, појавувајќи се во светло-розов , летен фустан и тоа – без градник.
Таа позирала пред фотографите кои ја чекале на секој ќош, а нејзината креација привлекла големо внимание.
Аманда носела фустан со асиметричен крој, по многумина идеална летна комбинација.
Таа носела и сандали на висока потпетица и „Fendi“ чанта со иста нијанса на боја како и фустанот.
Инаку, Аманда е мајка на две деца, а своевремено често го привлекува вниманието со несекојдневните и смели избори на гардероба.
„Кога наполнив 50 години, вложив во пар чизми до колковите и помислив: Вака ќе ја живеам втората половина од својот живот. На својот роденден исто така направив фотосесија каде бев полугола на роденденска торта. Никогаш не сакав наеднаш да ги исфрлам бисерите, освен доколку не носам бисери со мини-здолниште и чизми до колковите“; изјавила таа минатата година во некое интервју.
Аманда еднаш истакнала дека сите кои имаат некаква замерка за нејзиниот изглед и облекување, можат да ја заобиколат поради тоа што нејзе тоа не ја интересира.
Таа исто така истакнала дека никогаш не би слушала никого кој би ѝ кажувал што треба да облече.