Палачинки со кокос се вистинската комбинација на вкусови за летните денови!
- 100гр. кокос
- 5 јајца
- млеко
- 1 лажица кокосово масло
- 1 банана
- цимет
- засладувач
Во сад измешајте ги јајцата, кокосот, циметот, бананата и засладувачот, па сè убаво измешајте додека не добиете компактна смеса.
Додадете растопено кокосово масло, а по потреба додадете малку млеко за да ја добиете саканата густина.
Печете како класични палачинки и наполнете со џем од јагоди или малини.
На здравје!