На 14 години завршила во психијатрискa болница, татко ѝ речиси и да не го познава: Животната приказна на девојката која ги освои фановите на Евровизија со својот глас

Точка

12/05/2022

09:24

12.751

Големина на фонт

а а а

Иако има само 21 година, претставничката на Холандија на Евровизија преживеала и победила многу лоши работи во животот.

Холандската претставничка на овогодишната Евровизија се претставува под псевдонимот S10 и е позната пејачка, раперка и кантавторка.

Таа музичката кариера ја започнала во 2016 година, кога објавила мини-албум „Antipsychotica“, по што следел и „Lithium“, а во 2019 година го објавила својот дебитантски албум „Snowsniper“ кој добил многу музички признанија.

Оттогаш го објавила и албумот „Vlinder“ и снимила успешни синглови, а на почетокот на март станала претставничка на Холандија на овогодишната Евровизија на која се претстави со песната „De diepte“.

Иако е многу млада, S10 во животот водела тешки борби за кои неретко пее во своите песни.

Родена е како Стин ден Холандер во Хорн, а со својот биолошки татко немала речиси никаков контакт.

Зад младата пејачка која има 21 година е и тешката борба со депресијата, психозите, аудио-халуцинации и суицидни мисли, а сето тоа кулминирало со нејзиниот обид да си го одземе животот кога имала само 14 години.

Тогаш била примена во психијатриска болница, дијагностицирано ѝ било биполарно нарушување, а следела големата битка за да закрепне.

Сепак, поради борбите кои ги водела особено ѝ паднале тешко коментарите на холандскиот водител Јан Рос кој ја опишал како „девојка која се сече во својата соба за да привлече внимание“.

На коментарот на неговиот соговорник Денис Шоутен дека пејачката има суицидни мисли, тој одговорил:

„Да, па тогаш би било добро да скокне од кровот. Боже, тогаш би можеле да испратиме некоја нормална личност, зар не? Жал ми е поради тоа. Ужасна е и песната“.


Сепак, Стин денес е насмеана девојка, во прилично среќен и спокоен период од животот. Таа има можност да ја претстави својата земја на најголемото музичко натпреварување на Стариот континент, а по првата полуфинална вечер, таа се пласираше во финалето, додека пак Европа беше воодушевена од нејзиниот глас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг