Прогласена е за најубава жена на планетата, а со овој фустан ги привлекла сите погледи – не носела ниту долна облека

Точка

11/05/2022

23:12

29.552

Големина на фонт

а а а

Манекенката Оливија Кулпо го прославила 30-от роденден со луда забава во Мајами, а на прославата пристигнала со своето момче Кристијан Мекефрием и тоа во прилично храбро модно издание.

Убавата бринета блескала во спектакуларниот сребрен фустан кој лесно се издвојувал од останатите модни комбинации, а покрај длабокото деколте оваа креација ја краси и предизвикувачки шлиц од страната.

Овој секси фустан однапред изгледал вообичаено, иако Оливија го носела без градник, а дури кога се свртела од страната можело да се забележи колку тој модел бил провокативен и предизвикувачки.


Имено, оваа 30-годишна девојка не носела долна облека, а тоа можело да се забележи од шлицот кој се протегал речиси до половината, истакнувајќи ги затегнатите, витки нозе на славната манекенка.

Оливија модната комбинација ја надополнила со сандали и класична металик, плик-чанта, носела и дијамантски обетки, а одлучила својата негувана коса да ја збогати со екстензии и да ја направи во облик на морски бранови.


Да ве потсетиме, оваа 30-годишна девојка во 2012 година беше прогласена за Мис Америка, а истата година ја понела титулата Мис Универзум. Исто така во 2019 година магазинот „Maxim“ ја прогласи за најсексапилна жена на светот.

Покрај моделингот и манекенството таа се занимава и со актерство, а има и приватен бизнис – косопственичка е на еден ресторан на Роуд Ајланд. Исто така таа се обидела и во дизајнерските води, па во соработка со познатиот бренд „Express“ дизајнирала женска колекција.


Инаку, Оливија е позната како своевидна икона на стилот, па речиси во секоја прилика таа е беспрекорно облечена, а жените ширум светот особено ги сакаат нејзините „улични“ модни изданија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk