Откако Албанија не се пласираше во евровизиското финале, реакцијата на нивната претставничка е хит на Твитер!

Точка

11/05/2022

10:58

20.963

Големина на фонт

а а а

Во Торино, Италија синоќа се одржа првото полуфинале на популарното европско натпреварување „Евровизија“. Во текот на вечерта, 17 земји ги претставија своите песни пред светот, а десет претставници се пласираа во финалето кое ќе се одржи во сабота на 14 мај.

Секој што гледаше „Евровизија“ имаше своја идеја за тоа кој требаше да се пласира во финалето, а кој требаше да застане тука, но судејќи според Твитер заедницата, Албанија секако мораше да продолжи.

Претставничката на Албанија, Ронела Хајати најдобро што можеше ја изведе својата песна „Secret“, а се чини дека нејзиниот настап многу ѝ се допаднал на пошироката јавност, но кога стигнала до последното слободно место за финале, Ронела станала видно нервозна.


Во моментот кога водителот изјави дека Холандија е последната земја која ќе се натпреварува во финале, камерманите ја снимиле Албанката и нејзиниот тим, кои биле видно разочарани од пласманот.

На Ронела на лицето 'ѝ пишуваше' дека не е среќна, но набрзо се собрала од првичното разочарување и се обидела да се насмее и да замавне кон камерата.

Многу фанови на Твитер пишуваат дека не им е јасно зошто Албанија не влезе во финале.

„Австрија, Албанија и Литванија се ограбени“, „Што побогу не е во ред со Европа? Албанија мораше да биде во финале“, „Кажете ми како е можно да живееме во свет каде што Швајцарија може да ја победи Албанија?“, биле само дел од коментарите на бесните Твитерџии.


За потсетување, во финале од првата полуфинална вечер ќе може да ги гледаме Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг