Водителката Јулија Мациевска ја потресе јавноста: „Ќерка ми во болка се бори за својот живот на онкологија“

Точка

09/05/2022

21:42

15.799

Големина на фонт

а а а

Пејачката, новинарка, а со години наназад и ТВ водителка и тренер за личен раст и развој, уште на млади години го изгуби сопругот и животот го посвети на својата ќерка Андријана, која е ликовен уметник.

Пред две години, Јулија преку социјалните мрежи откри дека Андријана (42) се бори со рак на дојка и дека им претстои битка за која е сигурна дека ќе ја извојуваат и ќе излезат како победници.

Утрово Јулија преку Фејсбук повторно им се обрати на своите пријатели и откри дека нејзината ќерка во моментов е на онкологија и ги повикува сите да се молат за нејзиното здравје.

Dragi moi prijateli,pomolete se za moeto devojce,za mojata heroina,mojata svetlina.Molete se za Bozje cudo,zasto...

Posted by Julija Macievska on Sunday, May 8, 2022

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божјо чудо, затоа што Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката на онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, бидејќи за Бог е се возможно. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче“, напиша Јулија во својата објава, каде во коментари добива само поддршка од нејзините следбеници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг