„Немав пари да јадам по ресторани“: Јелена Ѓоковиќ открива зошто станала веганка

Кармин

18/04/2022

10:14

10.041

Големина на фонт

а а а

Многумина не знаат зошто Јелена Ѓоковиќ станала веган, а одговорот на тоа прашање го дала во една емисија.

Јелена Ѓоковиќ, освен што е сопруга на Новак, воедно е и синоним за здрав живот, а таа се декларира како веганка и со години се придржува на тој режим на исхрана без месо, млеко и шеќер.

Многумина не знаат зошто Јелена Ѓоковиќ станала веган, а одговорот на тоа прашање го дала во емисија.


„Почнав да размислувам како да преживеам три години затоа што немав пари да јадам во ресторани, а не живеев во дом каде што имаше кујна. Така што веганството започна од мака“, изјавила Јелена.

Исто така сопругата на Новак открила и дека една од причините зошто станала веганка била стравот од болести.

„Мислам дека луѓето се посветуваат на здравиот начин на живот тогаш кога ќе им дијагностицираат нешто. Со веганството започнав и поради тоа што имам страв од болести. И, тоа е најлошиот начин да почнете и не би ви советувала да правите ништо поради страв. Јас се трудам тоа сега да не го правам поради стравот“, порачала Јелена.

Таа изјавила и дека прашање е дали до крајот на животот ќе остане веган, но дека досега најважно ѝ е добро да се чувствува.


„Јас бев голем месојад и уште сакам месо, но не го јадам. Добро се чувствувам и мене тоа ми беше цел, да најдам начин како да го живеам овој живот будна, со енергија и здрава.

Мојата исхрана е 70 отсто свежа храна, а 30 отсто готвена. Најчесто јадам супи, безглутенски тестенини, киноа, ориз... Тешко е денес да најдеш вистинска храна и подготвена на здрав начин. Затоа важно ми е добро да се организирам околу оброците и среќна сум што имам партнер кој и тоа како е посветен на тоа да остане здрав и јак. Нашите режими на исхрана толку малку се разликуваат“, заклучила Јелена Ѓоковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk