„The Sun“ ексклузива! Бред Пит има нова девојка - која е Лики Ли, сосетката на актерот?

Кармин

27/01/2022

12:04

9.565

Големина на фонт

а а а

Во Холивуд кружат гласини дека Бред Пит е во врска со шведската пејачка Лики Ли.

Тие не се фотографирани заедно, но светските медиуми пишуваат дека во романсата влегле минатата година.

Американската верзија на магазинот „The Sun“ тврди дека Лики живее три минути подалеку од актерот, па тие успеале да ја задржат врската во тајност.


„Бред и Лики можеа толку лесно да се сокријат бидејќи се соседи. Совршено му одговара на Бред да има некој што живее толку блиску, за да може да остане незабележан“, тврди изворот.

Во текстот се наведува и дека актерот почнал да го поминува времето со Лики во средината на 2021-ва година.

Љубовниот живот на Бред отсекогаш предизвикувал бура од гласини. Во минатото го поврзуваа со имиња како израелската професорка Нери Оксман и германската манекенка Никол Потуралски.

Тој моментално води битка за старателство со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, која првпат поднесе барање за развод од него во 2016-та година.


Тие сè уште живеат блиску еден до друг во Лос Фелис, каде што тој има простран имот.

Анџелина живее во вила со нејзините и децата на Бред, Медокс (20), Пакс (18), Захара (17), Шајло (16) и Нокс и Вивиен (13).

„Сакав да бидат блиску до нивниот татко, кој е оддалечен само пет минути“, рекла актерката минатата година за британскиот „Вог“, објаснувајќи зошто купила куќа во тој крај.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk