Први фотографии од несреќата: Популарниот „Терминатор“ учествувал во верижен судар

Точка

22/01/2022

13:37

17.220

Големина на фонт

а а а

Американските медиуми ги пренесоа фотографиите од местото на несреќата на кои можеме да го видиме легендарниот актер и поранешниот гувернер на Калифорнија по сообраќајната несреќа.

Популарниот актер Арнолд Шварценегер (74), учествувал во верижен судар во Брентвуд во кој една жена е повредена, пренесуваат тамошните медиуми.

Како што пренесува „TMZ“, „Терминаторот“ возел GMC Yukon кој се судрил со црвениот автомобил Prius, потоа се превртел преку помалото возило и продолжил да ротира сè додека не се судрил со другиот автомобил.

До инцидентот дошло на една од големите раскрсници во Лос Анџелес, а повредена е само жената која го возела автомобилот Prius.

Таа била пренесена во болница поради повреда на главата, а по првите фотографии од местото на несреќата би можеле да кажеме дека Шварценегер се чувствува добро. Тоа набрзо го потврдил и неговиот претставник за медиумите.

„Тој е добро, неговата единствена грижа во овој момент е повредената жена“, истакнал тој.

Претставник на полицијата за „People“ изјавил пак дека во инцидентот немало повредени лица.

Како што пренесува „ABC 7“ никој не е приведен, а се верува и дека никој од учесниците во сообраќајката не бил под дејство на алкохол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг