Бред Пит привлече внимание на четвртфиналниот натпревар од Светското првенство меѓу Шпанија и Белгија, но не поради тоа што правел на трибините, туку поради тоа што го носел. Холивудскиот актер натпреварот го следел облечен во дрес на американската репрезентација, иако селекцијата на САД веќе беше елиминирана од турнирот.
Пит во петокот пристигнал на стадионот „СоФај“ (SoFi Stadium) во Инглвуд, во близина на Лос Анџелес, каде го следел дуелот во кој Шпанија по драматична завршница ја совлада Белгија со 2:1 и обезбеди пласман во полуфиналето.
Додека на теренот се водеше жестока битка за место меѓу четирите најдобри репрезентации, на социјалните мрежи главна тема стана изборот на облеката на актерот.
Навивачите се шегуваа дека дошол поради Белгија
Пит не носел дрес ниту на Шпанија ниту на Белгија, туку дрес на американската репрезентација, иако САД го завршија настапот уште во осминафиналето, токму по поразот од Белгија со 4:1. Поради тоа, многумина на социјалните мрежи се пошегуваа дека актерот дошол „да навива против“ Белгија.
Brad Pitt doing a successful hatewatch of Belgium pic.twitter.com/n87vXZGiMd
— Mads (@europemaxxed) July 10, 2026
„Бред Пит успешно навива против Белгија од чист инает“, напишал еден корисник.
Друг корисник се пошегува:
„Ова е урнебесно. Бред Пит се појави само за да ја мрази Белгија. Воопшто не му е гајле за Шпанија.“
Не сите го протолкуваа неговиот потег на ист начин.
„Не мора ниту да навива, ниту да мрази. Едноставно сака да гледа добар натпревар“, гласел еден коментар.
Шпанија се пласираше во полуфиналето
Шпанија до победата стигна во самиот финиш на натпреварот. Белгискиот голман Сен Ламенс не успеа да ја задржи топката по ударот, што го искористи Микел Мерино и од непосредна близина погоди за 2:1. Со тоа Белгија беше елиминирана од првенството, а Шпанија обезбеди полуфинален дуел против Франција.

На Пит друштво му правеа Инес де Рамон и Бардем
Пит натпреварот го следеше во друштво на својата девојка Инес де Рамон, како и на актерите Пенелопе Круз и Хавиер Бардем.
Додека Пит остана верен на американските бои, де Рамон и Бардем носеа обележја на шпанската репрезентација и го прославија пласманот на „Фуријата“ во полуфиналето.












