Уште еден скандал го „тресе“ Австралија опен: На Русинката ѝ забранија да игра иако е вакцинирана, па донесоа одлука која многумина изненади

Кармин

17/01/2022

12:22

19.073

Големина на фонт

а а а

Австралија опен започна денес, но стартот и случувањата во Мелбурн и натаму се во сенка поради речиси двонеделната сага околу Новак Ѓоковиќ.

На крајот сè заврши така што првиот тенисер на светот нема да учествува на турнирот затоа што му беше укината визата и за жал беше депортиран, но не е тој единствениот кој имал проблеми.

Руската тенисерка Наталија Виклианцева не можела да учествува на турнирот иако е вакцинирана, а сега ги открила и причините за тоа.


Имено, 24-годишната тенисерка не можела да учествува на Австралија опен иако е вакцинирана со вакцината „Спутник В“, а тамошната влада донела одлука со која сега ја признава таа вакцина. Таквата одлука на власта, Наталија иронично ја прославила на социјалните мрежи иако е доцна за нејзино учество на турнирот.

„Луѓе, имам неверојатни вести за вас. Како што можеби знаете, австралиската влада утрово ја призна вакцината Спутник В“, напишала Ната на Твитер со хаштаг „ПодоброНекогашОтколкуНикогаш“.

Руската тенисерка беше меѓу првите на кои ѝ се укажаа проблеми во организацијата на гренд слемот во Мелбурн поради тоа што иако е вакцинирана не ѝ беше дозволено да учествува на истиот.


„За жал, нема да учествувам на Австралија опен. Среќна сум поради нивото на тенисот кое го покажав на претходните неколку турнири и сакав да играм. Но, „Спутник“ сè уште не е верификуван. Им посакувам среќа на сите учесници“, напишала Вихљанцева на 20 декември.

Оваа тенисерка во досегашната кариера освоила две ITF титули, додека на гренд слемовите има два пласмани во второ коло, и двата пати на Австралија опен.

Моментално се наоѓа на 151-то место на светот, додека пак во 2017 година беше најдобро пласирана, како 54-та на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk