Во оваа земја половните автомобили никогаш не биле поскапи

Точка

11/01/2022

15:01

49.739

Големина на фонт

а а а

Во некои ситуации половните автомобили чинат повеќе од нови, бидејќи на испорака на новите се чека многу долго.

Без разлика дали станува збор за авто-плац или интернет, во Германија обично постои голем избор на половни автомобили. Од вкупниот број на продадени автомобили во Германија, најмногу се половни, но во понудата во меѓувреме има премалку автомобили.

„Моментално имаме помалку половни автомобили од купувачи. Половните автомобили станаа ретка роба“, вели Томас Пекрун, заменик претседател на Централна асоцијација на германската автомобилска трговија (ZDK).


За расположливите деловни автомобили купувачите мора да платат повеќе. Според Пекрун, цените пораснале од пет до десет проценти. Во некои ситуации половните автомобили чинат повеќе од новите, бидејќи на испорака на новите моментално многу се чека, пренесува порталот "Hayat".

Мартин Вајс работи за "DAT", организација основана во 1931-ва година, која неутрално и објективно ја проценува реалната вредност на автомобилите. Според неговите зборови, чудно е што во моментов се случува во автомобилската индустрија.


„Пазарот полуде“, вели тој и додава дека половните автомобили се поскапи од било кога - за дури 15 проценти. Вајс вели дека во некои случаи цената може да биде и поголема. Пред се, автомобилите со дизел мотори се многу поскапи.

Експлозијата на цените ја предизвикала пандемијата и долготрајниот недостиг на чипови за автомобилска електроника.

Во 2020-та година биле регистрирани помалку нови автомобили поради пандемијата, од кои некои сега недостасуваат како половни автомобили. Покрај тоа, компаниите за изнајмување на автомобили моментално вложуваат помалку во возила кои по кратко време ќе бидат понудени на продажба.


Опаднал и бројот на нови регистрации на автомобили кои трговците ги декларираат како користени по само еден ден. Пекрун наведува дека едноставно има премалку автомобили на пазарот. Бидејќи дилерите поради недостигот на чипови чекаат на нов автомобил повеќе од една година, се повеќе посегнуваат по половни возила. Ова дополнително ја намалува понудата.

„И во 2022-ра година ќе имаме поскапување на половните автомобили“, предвидува Пекрун. Вајс, аналитичар на пазарот за автомобили, исто така смета на постепена нормализација на пазарот најрано во 2023-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг