Интервју за Точка со Лиу Ганг - Скофилд, генерален менаџер на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија

Точка

29/12/2021

20:41

256.747

Големина на фонт

а а а

„Мислам дека светот сѐ повеќе и повеќе е воден од „искуството“, а не од спецификациите. Се разбира, компјутерската моќ е основа за помоќно искуство, но не кажува сè. Има многу различни видови на купувачи и тоа го прави бизнисот интересен. Тешко е да се дефинира „просечниот“. Но, јас навистина верувам дека за сите нив искуството со одреден производ, како и искуството со цел екосистем, треба да остане во срцето на развојот на производот и позиционирањето на пазарот“, вели Лиу Ганг - Скофилд, генерален менаџер на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија.

Во продолжение, прочитајте повеќе за работењето на брендот, новите производи и многу друго:

Huawei долго време е почитуван бренд во Северна Македонија, особено препознатлив меѓу купувачите за извонредната технологија на камерите. Дали Huawei ќе го надгради успехот со новиот бренд nova, особено во однос на перформансите на камерата? И дали се натпреварува со другите премиум понуди во Северна Македонија?

- Одличните камери и траењето на батеријата се меѓу главните карактеристики на нашите паметни телефони, знаеме дека тие се многу важни за целокупното искуство на нашите потрошувачи. Новите смартфони од серијата nova не се исклучок. Брендот nova е помладешки, фокусирајќи се на рамнотежата помеѓу високата технологија, модерниот дизајн и пристапната цена, па затоа ја таргетира новата генерација на многу привлечен начин. Во овој поглед, на пример, камерата на nova 9 не прави само многу добри слики. Нуди напредни функции за комбинирана употреба на задната и предната камера, за ослободување на креативноста на корисниците за модерна видео содржина, креирана да се споделува во социјалните медиуми. На пример, префрлување помеѓу камери во едно видео, за да ве направи дел од сценариото за кое креирате визуелна приказна, или прикажување различни кадри од истата сцена, или многу други опции за ваше целосно искуство со фотографии и видео на nova 9.


Huawei е еден од пионерите во сферата на смартфоните на преклопување со Mate X и Xs. Дали мислите дека оваа категорија дополнително ќе расте и на крајот би го надминала вообичаениот изглед на паметните телефони?

- Да, ние сме пионер во оваа област и неодамна го претставивме новиот foldable P50 Pocket во Кина. Засега, телефоните со преклопување ги гледам како премиум производ за одреден животен стил. Тие се меѓу оние производи со кои изјавувате - „јас сум фан на најновите иновации, сакам да бидам тренди, имам модерен начин на живот, итн.“ Верувам дека ќе видиме вакви уреди во рацете на сè повеќе луѓе, но сепак, далеку сме од надминување на вообичаениот изглед на паметни телефони, кој исто така има голем потенцијал да понуди практичност и иновации.

Кажете нѝ неколку зборови за најновиот производ на македонскиот пазар - MateBook 14s.

- Matebook 14s е најновиот член на нашето семејство лаптопи на македонскиот пазар. Тој се заснова на 11-та генерација на Intel Core процесор и нуди извонреден екран, во многу стилско и лесно тело. Лаптопот се карактеризира и со висококвалитетни материјали, како неговото метално куќиште, и бизнис-ориентираните пропорции на дисплејот од 3:2. Генерално, нашите лаптопи се многу привлечни производи, кои нудат високи перформанси и удобност за мобилна работа и забава, плус дополнителна вредност за корисниците на паметни телефони Huawei. Кога ги користите заедно, во екосистемот, ја имате на располагање магијата на функцијата Huawei Share - многу брз и лесен безжичен пренос на големи датотеки, вклучувајќи слики и видеа, користење на телефонот од екранот на лаптопот, итн. Функцијата Multiscreen Collaboration е ново ниво на погодност и иновација, која вреди да се истражи.


Дали има планови за отворање премиум продавница на Huawei во Северна Македонија?

- Тоа зависи од многу работи, како што е развојот на локалниот пазар и севкупната ситуација што влијае на однесувањето на корисниците. Отворањето на Huawei Experience Stores, каде што можете да видите како нашите производи им носат беспрекорен живот со вештачка интелигенција во секое сценарио, како продавницата отворена во октомври 2021 година, во Виена, е важен дел од глобалната стратегија на Huawei, затоа останете во тек за вести за локалните пазари.

Колку се важни спецификациите за купувачот? Ние новинарите сакаме да ги истражуваме најновите и најмоќните SOC и брзи екрани, но дали тие навистина се толку важни за просечниот купувач?

- Мислам дека светот се повеќе и повеќе е воден од „искуството“, а не од спецификациите. Се разбира, компјутерската моќ е основа за помоќно искуство, но не кажува сè. Има многу различни видови на купувачи и тоа го прави бизнисот интересен. Тешко е да се дефинира „просечниот“. Но, јас навистина верувам дека за сите нив искуството со одреден производ, како и искуството со цел екосистем, треба да остане во срцето на развојот на производот и позиционирањето на пазарот. Сакаме да им го олесниме и подобриме животот на луѓето, а не само да цитираме цифри заради конкуренцијата.

Дали мислите дека паметните часовници ќе се применуваат пошироко? Сè уште имаме чувство дека луѓето во нашата земја најчесто ги користат како фитнес тракери.

- Многу добро прашање. Можам да кажам дека паметните часовници се една од нашите најбрзо развојни категории, кои имаат голем успех на пазарот. Исто така, можам да кажам дека Huawei веќе направи многу за да ја направи целата категорија сè попопуларна. Но, во исто време, вие сте во право – тука има голем простор за раст. Паметните часовници се производи за вистински начин на живот - стилски, убави и следат многу повеќе од вашите чекори или фитнес активности. Ние користиме дизајн на класичен часовник и ги инспирираме луѓето да го следат нивото на стрес, квалитетот на спиењето, некои здравствени параметри, како што се SPO2 и температурата на кожата, итн. Можете да ги носите додека трчате, пливате или одите на вечера, забава. Па дури и додека спиете - нема ограничувања. И ние сме многу среќни што на овој пазар, пред празниците, понудивме модели специјално дизајнирани за дами, како што е новиот Watch GT 3 42mm.

Кои се некои категории на производи за кои Huawei може да смета дека е интересно да инвестира во иднина?

- Нашето портфолио на локалниот пазар го збогатуваме цело време. Неодамна лансиравме нов паметен телефон - nova 9, нов лаптоп - Matebook 14s, нови паметни часовници - Watch GT 3, па дури и нови гејмерски монитори - MateView GT. Затоа, очекувајте сѐ повозбудливи вести за македонскиот пазар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг