Дами, дали се сложувате?: Ова се најсексапилните мажи во Велика Британија

Кармин

17/12/2021

11:32

9.268

Големина на фонт

а а а

Британскиот таблоид „The Sun“ направил анкета на која се гласале најсексапилните мажи во Велика Британија. Читателите го рекле своето, а еве кои мажи се најдоа на оваа ласкава листа.

На топ 10 листата се музичарот и продуцент Хари Стајлс, актерот и водител Дени Дајер, некогашниот фудбалер Марк Рајт, актерот Том Хидлстон како и пејачот Роби Вилијамс.

А во продолжение погледнете ги топ 5-те најсексапилни мажи:

5. Хенри Кавил

Актерот ја понесе титулата миленик на жените по улогите во „Man of Steel“ и хит-серијата „The Witcher“. За својот љубовен живот, 37-годишниот актер не зборува многу во јавноста, но се шпекулираше за неговите врски со каскадерката Луси Корк и со научничката Даниел Босолејл.


4. Том Џонс

Големиот пејач Том Џонс во една прилика раскажал дека на почетокот на кариерата го предупредувале дека нема да успее бидејќи е премногу „мачо“ и затоа што има виткана коса. Тој сепак стана голема светска ѕвезда која доби поддршка и од големи имиња како Елвис Присли и Френк Синатра.


3. Том Холанд

Томас Стенли Холанд е англиски актер. Дипломирал на „BRIT School for Performing Arts and Technology“ во Лондон, а својата актерска кариера ја започнал на лондонската сцена во театарот „West End“ од 2008 до 2010 година. Холанд глумеше во филмот „The Impossible“ од 2012 година, за чија улога доби награда од Лондонското друштво на филмски критичари.


2. Даниел Крег

Даниел Крег во 2005 година беше одбран да биде шести по ред Џејмс Бонд. Го напуштил училиштето на 16 години за да се пријави на аудиција за „National Youth Theatre“ која ја прошол и се преселил во Лондон. На почетокот работел како келнер за да се издржува.


1. Том Харди

По дебитантската улога во воената драма „Black Hawk Down“ од 2001 година, Харди го играше главниот негативец во научнофантастичниот филм „Star Trek: Nemesis“, а потоа толкуваше споредни улоги во низа филмови, претежно од британска продукција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk