Била фатална дива на златен Холивуд, а синоќа на 89-годишна возраст се појавила на премиера на филм: „Ова е нереално, делува 3 децении помладо“

Кармин

01/12/2021

10:26

11.382

Големина на фонт

а а а

Популарната холивудска актерка Рита Морено се појавила на премиерата на филмот „West Side Story“ во Њујорк, а не е ниту чудно што токму таа била ѕвездата на настанот.

Имено, Рита која денес има 89 години, пред точно 60 години ја толкувала главната улога во оригиналната верзија на ова остварување, а за тоа добила и Оскар.

Популарната филмска дива и во римејкот на познатиот филм на Стивен Спилберг добила улога, но овојпат како нов карактер – Валентина.

Актерката на премиерата пристигнала во гламурозен, долг фустан, а цела комбинација ја надополнила со сандали од плиш материјал и впечатлив златен накит.


Рита покажала дека и натаму може да се пофали со витката, совршена линија на тело, иако е на прагот од десеттата деценија, а нејзиното лице изгледало свежо и младо.

Инаку, Морено е една од ретките актерки која во текот на 70-годишната кариера успеала да освои четири најпрестижни награди во светот на филмот: Еми, Греми, Оскар и Тони.

Таа исто така е првата актерка со латинско потекло која освоила Оскар.


Но, талентот на Рита, како и нејзината харизма, енергија и специфичен хумор не можеле да не поминат незабележани.

Рита е родена во сиромаштија на некоја фарма во Порторико, а со мајка ѝ која била кројачка емигрирала во Њујорк кога имала само пет години.

Тоа што ѝ помогнало да дојде до слава е неверојатниот талент за танцување и фактот што успеала да настапува на Бродвеј. Денес се смета за една од најзаслужните за рамноправност меѓу уметниците од сите бои на кожа и раси во Холивуд, со оглед на тоа што е една од првите која немилосрдно ги рушела таквите бариери.

Таа е и една од првите актерки која гласно проговорела за борбата со сексизмот и злоупотребата во Холивуд, но и својата борба со депресија.


Почетокот на нејзината кариера го одбележала и љубовта со легендата на Холивуд – Марлон Брандо, а нивната токсична, но голема љубов траела осум години.

Иако Брандо почина во 2004 година, а Морена била во брак со Леонардо Гордон од 1965 година до неговата смрт во 2010 година, таа отворено признала дека Марлон ѝ била најголемата љубов во животот.

„Беше моја голема љубов. Беше поттик за мојот живот и љубовта на мојот живот“, изјавила таа за новинарите од магазинот „People“ во 2017 година покажувајќи ја фотографијата на Марлон од нејзината спална соба.


„Тој ден кога го запознав мојата телесна температура се зголеми, како некој да ме стави во врела купка, а јас поцрвенев по цело тело. Тоа беше вид на симпатија која инспирира пишување поезија. Ќе кажам дека е голем љубовник, сензуален, великодушен, инвентивен...“, напишала таа во нејзините мемоари од 2013 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk