Шик стајлинзи, пастелни нијанси и магичниот Трст: Дуња Јованиќ ја покажа мајка си - еве од кого го наследила истенчениот вкус

Кармин

30/11/2021

14:18

7.367

Големина на фонт

а а а

Блогерката, Јутјуб ѕвезда и претприемачка, Дуња Јованиќ го искористила крајот на ноември за со мајка си - професорка по англиски јазик и книжевност, да отпатува во магичниот Трст, а фотографиите ги воодушевија нејзините Инстаграм следбеници.

Многумина ѝ порачале дека неодоливо потсетува на мајка си, како по цртите на лицето, така и по беспрекорниот стил кој остава без зборови.

За есенскиот ден во Италија избрале тренди бели капути кои ги комбинирале со пастелни нијанси, и со тоа одржале мини модна лекција.

Со нив на пат заминала и Бејби, шкотски териер, кој на Дуња ѝ е како член од семејството. Многумина се запрашале зошто кучето поминува време во количка, а станува збор за сериозен здравствен проблем, кој Јованиќ се обидува да го ублажи со помош на врвните ветеринарски експерти.

„Освен што се разболев, во понеделникот дознав дека Бејби има фиброза на белите дробови, која зафатила дури 70 отсто. Болеста е прогресивна и ситуацијата нема да биде подобра. Нејзиното секојдневие повеќе никогаш нема да биде исто, бидејќи не смее да се изложува на стрес, замор, промена на температура, прошетка. Ми требаа денови за сето ова да го процесирам, односно исплачам“, напиша блогерката неодамна на Инстаграм.

Од тој момент решила дека секое слободно време ќе го поминува со најмилите, бидејќи спомените се најдрагоценото нешто што секогаш нѝ останува во срцето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk