Има 33 години и е најмладата баба! Нејзината ќерка (17) неодамна се породила, а еве како изгледа нивниот живот

Кармин

15/10/2021

17:05

7.116

Големина на фонт

а а а

Гема Скинер (33), чија ќерка е Мејзи, родила девојче и рекла дека медицинските сестри во болницата мислеле дека таа е тетка, а не баба, пренесува „Дејли мејл“.

Мајката на три деца од Амстердам истакнала дека на почетокот не сакала да ја нарекуваат 'бабо', но после раѓањето на внуката, го прифатила тоа и сега дури ѝ се допаѓа.


Скинер рекла дека одлично се забавува кога ќе излезе со својата внука и сите мислат дека таа е мајка на бебето. Има три ќерки, а најмладата, Бела има само 4 години.

„Оваа недела излегов со бебето, ми приоѓаа луѓе и ме прашуваа дали е мое. Морав да им објаснам дека таа ми е внука и беа прилично шокирани“, рекла таа.


Скинер својата најстара ќерка Мејзи ја добила во 2004-та година кога имала 16 години. Има уште една ќерка, Грејси, која има 10 години, како и најмладата Бела.

Рекла дека, кога открила дека Мејзи е бремена на 17 години, на почетокот била загрижена, сеќавајќи се на своето искуство како мајка тинејџерка.


Сега, вели дека ништо не би променила и дека Мејзи со леснотија станала мајка. Со своето момче, 19-годишниот Џек Вајтер, Мејзи на своето бебе му го дала името Лароса Меј.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk