Беше обожувана поп ѕвезда, а потоа дрогата, алкохолот и депресијата ја уништија: Денес ретко кој ја препознава

Кармин

15/10/2021

15:30

6.601

Големина на фонт

а а а

Пејачката првпат поради психички проблеми била хоспитализирана кога имала само 18 години.

Американската пејачка Деми Ловато (29) била фотографирана во Западен Холивуд во друштво на најпознатата наследничка Парис Хилтон. Меѓутоа, славната музичарка малкумина успеале да ја препознаат.

Поранешната ѕвезда на „Дизни“ папарацо фотографите ја уловиле во долга карирана кошула и црни чорапи, а имала и интересна фризура.


Деми низ годините се бореше против зависноста од дрога и алкохол. Во јули 2018 година поп ѕвездата била пронајдена без свест во својот дом во Лос Анџелес, само еден месец откако открила дека повторно се вратила на алкохолот. Поминала две седмици во болница, а потоа во клиника за одвикнување.

Се борела против депресија, а имала и нарушување во исхраната.

„Се обидував да му кажам на светот дека сум задоволна со себе, што не беше вистина. Живеев во лага. Многу е тешко кога живеете со луѓе кои ги сакате, а истите ви велат дека мора да излезете надвор“, изјавила своевремено пејачката.


Таа неодамна во документарниот филм открила дека била силувана додека била тинејџерка.

Никогаш не ги криела своите проблеми, а еден од нив бил и проблемот со својот татко Патрик кој бил насилен кон неа и нејзината мајка.

„Беше злобен, но сакаше да биде добра личност. Сакаше да го спаси семејството, но сепак кажа дека е среќен поради мојата мајка кога повторно се венчаше“, раскажала Ловато во некое интервју.


Тој починал во 2013 година како последица на канцер, по што пејачката раскажала дека бил и психички болен.

Минатата година Деми ја објавила веридбата со партнерот Макс Ехрич, но набрзо потоа парот раскинал



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk