Алексис блеска и во 88-та година од животот: Џоан Колинс во фустан кој само таа може да го носи во тие години

Кармин

12/10/2021

15:03

5.316

Големина на фонт

а а а

Актерката која многумина ја нарекуваат „последна икона на стариот Холивуд“ и понатаму владее со насловните страници на светските таблоиди кога и да се појави во јавноста.

Неодамна, 88-годишната Колинс повторно ги воодушеви сите во полупроѕирниот фустан украсен со кристали.

Ѕвездата на некогаш мегапопуларната ТВ серија „Династија“ се појавила на вечерата посветена на нејзината нова книга „My Unapologetic Diaries“ во Кралскиот театар во Лондон, во придружба на 56-годишниот сопруг Перси Гибонс.


Црниот фустан кој таа го носела се состоел од проѕирен горен дел и крој кој ја следи линијата на телото. Познатата пунџа со кадрици и темнорозовиот кармин се сè уште заштитен знак на славната Алексис.


Многу жени ја поддржуваат Колинс во сите нејзини напори да изгледа одлично во подоцнежните години, но има и такви кои коментираат дека „изгледа подобро без перика“, дека „дури ни со операции не може да се ослободи од опуштените надлактици“ итн...


Меѓутоа, многу побројни се оние кои сметаат дека сè што таа прави, прави со вистинска мера.

„Многумина би сакале вака да изгледаат во 9-та деценија“, напишала една обожавателка на актерката на социјалните мрежи, а какви модели и бои носи славната Џоан, погледнете во продолжение:




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk