Се откажал од брат му бидејќи ја претепал својата девојка! Презирам било какво насилство над жени

Точка

11/09/2021

15:03

4.539

Големина на фонт

а а а

Германскиот фудбалер Џером Боатенг е казнет со 1.800.000 евра откако било утврдено дека ја удрил девојката со која има две деца.

На Џером ова не му е прв инцидент. Наводно и Баерн Минхен поради тоа се откажал од него и не му понудил нов договор, а грб му завртел и родениот брат Кевин Принс.


Еден од неговите најголеми испади се случил пред три години. Девојката со која бил во турбулентна врска, со која во 2011-та година добил близнаци, го обвинила дека пред три години, за време на одморот со нивните ќерки, ја удрил.

"Веќе подолго време сум оддалечен од Џером", рекол Кевин Принс за својот брат.


"Ги почитувам и ги ценам германските закони. Презирам било какво насилство над жени и не сакам да имам никаква врска со мојот брат. Веќе немам ништо со него".


Инаку, пресудата за Боатенг доаѓа само седум месеци откако Касиа Ленхарт извршила самоубиство една недела откако ја раскинала врската со фудбалерот.


Боатенг ја прекинал врската со неа по една жестока расправија во јавноста, откако таа пијана го оштетила неговиот автомобил. Неколку ден подоцна девојката си го одземала животот во Берлин.