Беше прва дама на Аргентина, а денес живее далеку од очите на јавноста: Животната приказна на жената која ја споредуваа со Џеки Кенеди

Кармин

30/07/2021

11:30

3.991

Големина на фонт

а а а

Уште во текот на кампањата за првиот човек на Аргентина, Маурицио Макри, неговата поубава половина - шармантната и паметна Џулијана го привлече вниманието на светската јавност.

47-годишната убавица има либански и сириски корени, а завршила на еминентниот Оксфорд. Нејзиниот татко Ибрахим е имигрант од Либан, од малото место Балбек северно од Бејрут, додека нејзината мајка Елса Естер е од Сирија, која подоцна емигрирала во Аргентина.

И двајцата нејзини родители имаат силно муслиманско наследство, но поради немирите во сопствените матични земји, морале да емигрираат во Латинска Америка.


Пред да се венча со Маурицио, Џулијана работела долга низа години во семејната текстилна фирма. Од претходниот брак, и тоа со белгиски гроф, ја има ќерката Валентина, додека со актуелниот сегашен сопруг ја има ќерката Антонија. Иако има муслиманско наследство, Џулијана која има дури 5 браќа и сестри, уште во детството преминала во католичка вера, учела во двојазично училиште и подоцна студирала англиски јазик на Оксфорд.


И пред бракот со првиот човек на Аргентина, Џулијана беше редовен „гостин“ на таблоидните медиуми, но од моментот кога стана прва дама, нејзиното движење постојано беше следено од папараци.

Дека е модно освестена, докажува и нејзиниот стил и интересот за модната индустрија кои ги наследила од својата мајка Елса, која е на чело на модната компанија „Awada“. Токму Џулијана е еден од сопствениците и дизајнерите, а поради тоа била на неколку студиски патувања низ Европа, со цел подобро да ја запознае модата и нејзината историја.


Повеќето магазини и модни критичари се согласни дека Џулијана Авада е една од најдобро облечените први дами на светот.

„The Independent“ во една прилика ја спореди убавата Џулијана со Џеки Кенеди.

По завршување на службените должности, Џулијана ужива со својот сопруг и децата во Аргентина, а времето го поминува во семејната куќа далеку од градската врева, се занимава со градинарство, подготвува здрави и вкусни јадења и патува низ светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk