40-годишничка го завела 18 години помладиот другар на нејзините синови и не гледа проблем: „Ако може да купува алкохол, може да биде со мене“

Кармин

29/07/2021

17:15

7.800

Големина на фонт

а а а

Тања (40) и Џош (22) откриле како почнала нивната врска, а приказната ја шокирала јавноста.

Заедно се околу една и пол година и покрај тоа што многумина се сомневале за иднината на нивната врска.


Тие двајца се запознале преку нејзините синови, а таа тврди дека тоа никогаш не им претставувало проблем ним.

„Ако законски може да купи алкохолен пијалок, ако законски може да купи оружје, да ѝ служи на војската и да загине во војна, тогаш сум прилично сигурна и дека може да биде со мене“, им возвратила Тања на 'хејт' коментарите.


Неа воглавно ѝ пишуваат дека воопшто не изгледа како да има 40, а истовремено ја нарекуваат и вистинска среќничка затоа што го освоила срцето на ова слатко момче.

„Најпрвин бевме добри пријатели. Јас во тој период бев бремена, додека Џош беше во уште полоша ситуација. Но, двајцата ги оставивме тогашните партнери и завршивме заедно“, вели Тања во едно од своите видеа, додека тој се надоврзал:

„Пишувајте што сакате, ние секако ќе останеме заедно“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk