Од здодевна тераса направила рајско катче: Неверојатна трансформација со малку труд и минимални трошоци

Кармин

21/06/2021

10:48

5.130

Големина на фонт

а а а

Топлите летни денови конечно пристигнаа, па ако сè уште не сте ја уредиле вашата тераса, време е да го направите тоа.

Во ова катче многумина поминуваат голем дел од времето во текот на најубавото годишно доба, па зошто тогаш да не го уредите за уживањето да биде максимално?

Доколку ви недостасуваат идеи, погледнете како оваа девојка со малку труд и минимални трошоци успеала да ја уреди својата тераса и да ја претвори во вистинска оаза за уживање.


Таа купила гарнитура за градина, но вие можете да ја користите и онаа која веќе ја имате, а одлично ќе изгледаат и маса и две столчиња. Додала тепих, светилки долж целата ограда, декоративни перници во неколку бои и малку цвеќе.


Овие едноставни детали ја претвориле обичната „здодевна“ тераса во простор во кој ќе посакате да останете цел ден во него.

Погледнете како изгледала целата трансформација:


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk