Ќерката на познатиот актер Јуан Мекгрегор во текот на викендот прошетала на црвениот тепих со траги крв и повреди на лицето поради напад од куче пред големото случување во Лас Вегас.
Клара Мекгрегор на промоцијата на филмот „The Birthday Cake“, во кој глуми и чиј копродуцент е нејзиниот татко, се појавила со крвави рани на носот и образот.
Клара на Инстаграм објавила фотографија на која се гледа како лежи во болнички кревет поради повредите кои ѝ ги нанело куче, но и друга фотографија на која позира на црвениот тепих во одело на „Fendi“.
Во филмот „The Birthday Cake“, освен Клара и Јуан глумат и Вал Килмер, Лорејн Брако, Вилијам Фикнер и Луис Гузман.
Клара ги следи стапките на познатиот татко во актерската индустрија, но во интервју за „Playboy“ во 2018 година открила дека претходно се обидела да се „побуни“ против таа идеја.