[ВИДЕО] Том Круз го шокираше светот со начинот на кој јаде пуканки: „Кај тој човек ништо не е нормално“

Точка

22/05/2025

14:36

2.145

Големина на фонт

а а а

Том Круз стана предмет на исмејување откако прекори еден обожавател што ги изел сите пуканки на премиерата на новото продолжение на филмот „Невозможна мисија“, но се чини дека сагата за актерот и пуканките сè уште не е завршена.

Некој сподели видео на Икс во кое 62-годишниот актер јаде пуканки за време на проекцијата на „Невозможна мисија“, и тоа го прави на многу необичен начин.

На премиерата, тој беше снимен со кутија пуканки во рака, покажувајќи го својот препознатлив начин на грицкање. Во сега веќе виралното видео, може да се види како фаќа пуканки со тупаница, ги тресе во раката како да фрла коцки, а потоа ги пика во уста, при тоа добар дел паѓаат на подот.

Круз го повтори истото движење уште неколку пати, повторно фрлајќи пуканки кон својата широко отворена уста, додека на подот паѓаа сè повеќе пуканки.

„Начинот на кој Том Круз јаде пуканки ме излудува“, „Никогаш не сум видел маж да јаде пуканки како Том Круз“ и „Најдоброто нешто во врска со секој нов филм за Том Круз е што почнуваат да циркулираат фотографии и видеа од неговата чудна, опсесивна љубов кон пуканките“, пишуваа тие.

„Но начинот на кој фрла пуканки во уста… лудост!“, „Човекот претерува со сè, што очекувавте?“, „Можеби сите сме јаделе погрешно цело време?“, „Следниот пат кога ќе одам, ќе јадам пуканки токму така!“ и „Брате, ова е стандардна техника на јадење пуканки за луѓето од типот „бумери““, се некои од многуте коментари под видеото.