За неа како времето да запрело: Френ Дрешер позираше во филмски костим од серијата „The Nanny“ – 20 години подоцна

Кармин

10/06/2021

17:23

3.030

Големина на фонт

а а а

Комедијата „The Nanny“ премиерно била емитувана во периодот од 1993 до 1999 година, а ја одбележаа необичните филмски костими на главната актерка.

Дури 28 години по премиерата на култната серија „The Nanny“ во која Френ Дрешер го маѓепса светот со својата улога на Френ Фајн, актерката одлучила да облече еден од најзапаметените модни избори на својата хероина.

Станува збор за шарено елече од брендот „Moschino“ кој Френ го носела над црна ролка, а денес 63-годишната актерка во него изгледа речиси идентично како и во текот на 90-те години.

Инаку, елечето е од колекцијата на славната италијанска модна куќа за пролет 1991 година кое без сомнеж е едно од највпечатливите модни парчиња кои го видовме облечено на актерката во текот на серијата.


Таа исто така открила дека во ова модно парче се фотографирала по повод заеднички проект на непрофитната организација „Cancer Schmancer“ и „HBO“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk