Му родила дете на покојниот сопруг 5 години по неговата смрт: Имала необично барање од докторот, а потоа ѝ се исполнила желбата

Кармин

10/06/2021

16:03

2.920

Големина на фонт

а а а

Кимберли Холмес Иверсон пред пет години останала без сопругот Рашид, кога настрадал во сообраќајна несреќа која се случила на само неколку метри од нивниот дом.

Нивните заеднички соништа да се остварат како родители, биле срушени за само еден ден. Меѓутоа, Кимберли се сетила да ги праша докторите дали постои можност да се земат примероци од семена течност од нејзиниот покоен сопруг.

„Кога Рашид настрада, после неколку часа, ги замолив пријателите да се распрашаат за тоа дали би можела да побарам таква работа од докторот“, раскажала таа.

Се покажало дека тоа е можно. Лекарите земале генетски материјал од Рашид и го замрзнале, а Кимбери отишла на ин витро оплодување 5 години по смртта на нејзиниот сопруг.

Кимберли своето искуство за ин витро оплодувањето го опишала во својата книга, во која открила дека за време на бременоста ја запознала својата нова љубов - Даријен.

„Даријен е неверојатен и полн со љубов и нему воопшто не му пречи тоа што му родив дете на мојот покоен сопруг“, вели Кимберли.

Во мај годинава парот добил здрава ќерка, на која ѝ го дал името Киран. Покрај фотографијата со својата ќерка, Кимберли напишала емотивна порака.

„Сакам да им се заблагодарам на сите пријатели кои беа покрај мене кога ми беше најтешко и кои ме поддржаа во оваа одлука. Вие ме држевте за рака низ ова патување, на кое го запознав човекот на мојот живот. Ќе родам уште деца, тоа е сигурно, и на покојниот сопруг и на Даријан“, напишала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk