Која е Мелинда Гејтс и зошто токму сега се разведува од Бил Гејтс? Се шпекулира дека за сè е виновна една жена

Кармин

05/05/2021

22:05

8.179

Големина на фонт

а а а

Светот вчера ја обиколи веста дека Мелинда Гејтс поднела документи за развод од Бил Гејтс по долги 27 години брак.

Мелинда Гејтс има 56 години, таа е сопруга на Бил Гејтс и мајка на 3 деца: Фиби, Рори и Џенифер.

Во светските кругови е позната како голем добротвор. За Мелинда велат дека рамноправно учествувала во изградба на царството наречено „Microsoft“ од 1987 година. Бидејќи парот нема предбрачен договор, се смета дека стекнатото богатство ќе биде поделено на два еднакви дела.

Се зборува дека Мелинда добила желба за развод во оној момент кога беше обелоденето дека Мекензи Скот, некогашна Безос, се разведува од Џеф Безос кој ѝ беше неверен.


Мекензи е сега „тешка“ 60 милијарди долари, а минатата година донирала 6 милијарди во добротворни цели. По разводот, таа се поврзала со средношколската љубов Ден Џавет и се венчаше со него во март оваа година.

Мелинда и Мекензи се здружиле и отпочнале нов потфат наречен „Еднаквоста не може да чека“ кој има за цел финансирање на компании кои го шират женското влијание и правата на жените.

Бидејќи и двете имаат многу заеднички нешта, се смета дека токму животот на Мекензи и искуство ја натерал Мелинда да поднесе документи за развод.

Ви претставуваме 5 интересни детали за Мелинда Гејтс:

1. Не планирала да работи во „Microsoft“

Кога го завршила универзитетот Дјук, на Мелинда ѝ била понудена работа во „IBM“, но и во „Microsoft“. Кога отишла на разговор за работа во „IBM“, менаџерката за вработување ѝ предложила сепак да оди во „Microsoft“ бидејќи „таму се големи шансите за напредување“. Така, Мелинда се вработила како маркетинг менаџер во „Microsoft“.


2. Технологијата секогаш била важен дел од животот на Мелинда

Како ќерка на инженер на програмот „Apollo“, Мелинда се сеќава дека гледала бескраен број лансирања на ракети. Тоа, заедно со компјутерот „Apple“ на нејзините родители ѝ го побудил интересот на Мелинда за технологија.

3. Таа е копретседателка на фондацијата „Bill & Melinda Gates“

Фондацијата „Bill & Melinda Gates“ е една од најголемите светски добротворни организации, а е основана во 2000 година. Мелинда открила во една прилика дека оваа организација отпочнала по една посета на Африка во 1993 година.

„Нè погоди крајната сиромаштија и луѓето кои живеат таму. Почнавме да поставуваме прашања: 'Дали мора да биде вака?'“.

Од тој момент, Мелинда предводела повеќемилионски донации. Неодамна, на универзитетот Емори дала грант од 180 милиони долари за финансирање на истражувања на смртноста кај децата.


4. Добитничка е на претседателски медал за слобода

Токму поради својата добротворна работа и посветеност, Мелинда и Бил Гејтс беа одликувани во 2016 година со претседателски медал за слобода. Тоа е најголемата можна граѓанска чест.

5. Мелинда е на 6-то место на најмоќни жени според листата на „Forbes“

„Forbes“ наведува дека Мелинда постигнала огромни чекори во здравјето на жените ширум светот, користејќи сопствени напори да ја намали смртноста на мајките за 57 отсто во Етиопија во текот на последните 30 години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk