Меган и Хари пристигнуваат во палатата поради смртта на принцот Филип?

Кармин

09/04/2021

17:43

3.929

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари, поради смртта на принцот Филип, се подготвува за враќање во Велика Британија, првпат откако ги напушти кралските должности, пишуваат британските медиуми.

„Дејли мејл“ пишува дека единственото прашање во моментов е дали Меган ќе оди со него.

„Хари ќе направи сè за да се врати во Велика Британија и да биде со своето семејство“, рекол добро упатен извор за британскиот таблоид.

„Ќе сака да биде во близина на семејството, особено до неговата баба, во ова страшно време. Меган е бремена, па ќе мора да побара совет од лекарот дали е безбедно патувањето за неа, но мислам дека Хари дефинитивно ќе дојде“, додал изворот.

Хари требало да пристигне во Велика Британија дури на 1-ви јули, по повод откривање на споменикот во чест на неговата мајка Дајана.

Британците шпекулираа и за негово враќање во јуни, кога принцот Филип требало да наполни 100 години, но тоа никогаш не било потврдено.


Инаку, многумина ги критикуваа Меган и Хари, бидејќи нивното интервју со Опра Винфри се емитуваше во периодот кога принцот Филип беше во болница. Британците подоцна се прашувале дали кралското семејство ги сокрило информациите од принцот откако бил пуштен од болница.

Сопругот на кралицата Елизабета втора почина денеска на 99-годишна возраст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk