Верувале или не... Зад овој стајлинг и фризура се „крие“ прекрасната пејачка која ниту најголемите обожаватели не ја препознаа

Кармин

09/04/2021

13:00

4.618

Големина на фонт

а а а

Мајли Сајрус прошетала во кожни панталони со реси и маица без ракави која ги истакнала нејзините истетовирани раце.

Мајли е позната по својот стил на облекување со кој сака да ја изненадува јавноста, а со последната комбинација не ја препознале ниту нејзините најголеми фанови.


28-годишната пејачка прошетала по улиците на Беверли Хилс во црни кожни панталони со реси и маица без ракави кои што ги искомбинирала со чизми. Таа околу вратот носела ѓердани, а најмногу се истакнувал тој со големиот крст.


Очите ги покрила со проѕирни очила за сонце, а исто така носела и заштитна маска за лице.

Мајли поразлично изгледа и поради својата фризура која во последно време е многу популарна, а исто така и поради своите бројни тетоважи на рацете.


Таа едноставно наликува на некоја рок ѕвезда.

Инаку, Мајли кон крајот на минатата година привлече големо внимание со дуетот со пејачката Дуа Липа, односно со песната „Prisoner“, а спотот само неколку часа по објавувањето имаше милион прегледи на Јутјуб.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk