Никогаш така не се претставувала во јавност: Ова е вистинското име на Меган Маркл

Кармин

07/04/2021

16:41

2.754

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл константно е во центар на внимание во светската јавност, а медиумите сега пишуваат за нејзиното вистинско име со кое што никогаш не се претставува во јавноста.

Откако во јавноста се појави изводот на родени на малиот Арчи, синот на Меган и Хари, светот повторно почна да го коментира вистинското име на Меган.

„Принцезата на Обединетото Кралство Рејчел Меган“, се наведува во споменатиот документ.

Иако и од официјалната биографија на Меган Маркл може да се прочита дека тоа ѝ е вистинско име, таа под тоа име никогаш не се претставува во јавноста.

Да ве потсетиме, Меган и Хари неодамна во јавноста соопштија дека наскоро „добредојде“ ќе му кажат на своето второ дете, а светските медиуми веднаш почнаа да пишуваат за претпоставките за името кое што ќе му го дадат.


Биографот на принцезата Дајана, Ендру Мортон, открил дека со името на девојчето би можело да ѝ се оддаде почит на покојната принцеза.

„Вилијам и Кејт беа побрзи од Хари и Меган кога на принцезата Шарлот ѝ го дадоа средното име Дајана, заедно со Елизабет, па сигурно и тие сега ќе изберат оригинално име за бебето. Се очекува едно од имињата да биде Френсис, кое беше средно име на принцезата Дајана“.

Мортон исто така изјавил дека Меган веројатно ќе сака со името на девојчето да ѝ оддаде почит и на својата мајка - Дорија Рагланд, со која што е исклучително блиска. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk