Овие сандали ќе бидат задолжителен пар обувки во гардероберот на секоја жена со стил.
Сандалите - папучи стекнаа голема популарност во текот на 90-тите години, а нив ги прослави познатата Кери Бредшо. Кога се појави во нив во серијата „Сексот и градот“, тие веднаш станаа водечки тренд.
Со оглед дека модата се врти во круг, нив повторно им дојде редот, а модните познавачи велат дека тоа ќе биде „must have“ парче за претстојната сезона.
На модната сцена се вратија уште минатата година, но се предвидува дека оваа година ќе бидат уште поактуелни.
Кога станува збор за комбинирањето, имате широк спектар на можности – може да се носат и како дел од дневните, но и вечерните комбинации. Одлично изгледаат со краток фустан, но и во комбинација со фармерки и класична маица.
Ние пронајдовме неколку идеи како можете да ги носите: