Бритни Спирс се врати во нормалниот живот: Пејачката после сите скандали објави семејна фотографија!

Кармин

25/02/2021

17:35

2.267

Големина на фонт

а а а

Пејачката Бритни Спирс, чиј приватен живот повторно е главна тема во светот на славните, позирала со своите синови за семејна фотографија.

На фотографијата се 15-годишниот Шон Престон, 14-годишниот Џејден Џејмс и насмеаната Бритни. Фотогријата наводно е направена во Таузенд Оукс, во Калифорнија, каде што живее Бритни, а објавена е на Инстаграм профил посветен токму на синовите на пејачката.

Синовите јавноста ретко ги гледа со нивната мајка, па фановите биле изненадени колку пораснале.

Времето почесто го поминуваат со нивниот татко, поранешниот сопруг на Бритни, Кевин Федерлајм.

Во 2019-та година била поништена првобитната судска одлука за синовите да бидат во еднакво поделено старателство на мајката и таткото и било одлучено Федерлајн да добие 70 отсто од старателството, па така Шон Престон и Џејден Џејмс значително помалку време поминуваат со својата мајка, пренесува „Mirror“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk