Затворање на границите во Европа: Можна забрана на влез во ЕУ за Британците, Меркел бара посериозни контроли

Точка

21/01/2021

21:43

3.571

Големина на фонт

а а а

Британците би можеле наскоро да се соочат со забрана за влез во Европската унија според германскиот план за затворање на границите, пренесува британски „Тајмс“.

На владите на земјите членки на Европската унија ќе им биде дозволено да им забранат влез на британските државјани и да ги пресечат сите транспортни врски со Велика Британија, врз основа на германскиот нацрт документ кој го имале на увид новинарите на британскиот весник.

Државите членки на Европската унија можат слободно да воведат привремени забрани за влез и превоз на патници кои влегуваат од земјите кои не се членки на Европската унија, а каде што е присутна новата мутација на коронавирусот, пренесува „Тајмс“.

Весникот пишува, повикувајќи се на дипломатски извори, дека е независно од оваа привремена одлука, ЕУ е подготвена да ги ублажи граничните процедури после Брегзит, доколку Британија се откаже од својот план за создавање на „Сингапур на Темза“.


Во борбата против ширењето на новата мутација на коронавирусот, германската канцеларка Ангела Меркел бара повторно воведување на контроли на границите, како што беше пролетта минатата година.

Доколку останатите земји членки не се согласат на тоа, Германија планира повторно да воведе контроли на своите граници.

„Ако земјите сакаат да одат по друг пат, тогаш ќе мораме повторно да воведеме контрола на границите“, изјави Меркел и порача дека мерките во Германија може да бидат ефикасни само ако постојат слични мерки и во другите земји.

Од друга страна, шефот на германската дипломатија, Хајко Мас се изјасни дека е против воведувањето на гранични контроли.

„Мислам дека мораме да направиме се за да спречиме повторно да бидат воведени контроли на границите кои водат до создавање на колони од 50 километри“, изјави Хајко Мас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг