Како изгледа денес нашето омилено „измисленото девојче“ - Пипи Долгиот Чорап?

Кармин

13/01/2021

15:57

2.403

Големина на фонт

а а а

Пипи Долгиот Чорап и понатаму за многумина е омиленото измислено девојче. Со неа пораснаа многу генерации, а сите и денеска се присетуваме на нејзините многубројни авантури.

Огромен број серии, книги, цртани филмови и филмови оваа јунакиња ја направија да биде нераскинлив дел од нашите животи. Меѓутоа, домашната публика најдобро ја памети шведската серија која што ги маѓепса гледачите, а се емитуваше пред повеќе од 50 години.

Најпознатата актерка која ја толкуваше улогата на Пипи е Швеѓанката Ингер Нилсон.

Ингер е актерка и пејачка, а пред 50 години ги восхити гледачите на малите екрани. Таа одамна го напушти светот на актерството, сега има 61 година. Меѓутоа, секогаш со среќа во очите се присетува на улогата која што ја прослави.

Ингер сега работи како секретарка и живее во Стокхолм. По Пипи прифатила само уште неколку помали улоги во својата филмска кариера.

Последната серија ја снимила во Германија во 2007-та година со име „Der Kommissar und das Meer“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk