Ескпертот за сексуални односи и врски Трејси Кокс, разговарала со жените за најлошите искуства кои што ги доживеале во текот на сексуалниот однос.
„Кое е најлошото нешто кое што мажот ти го кажал во текот или пак по сексуалниот однос?“, е прашањето кое што Трејси им го поставила на жените.
„Смеејќи се ми кажа дека неговиот пријател ќе биде бесен кога ќе дознае дека прво тој имал сексуален однос со мене“;
„Среде галење по сексуалниот однос ми кажа дека добро би било да одам во теретана затоа што така би била позгодна“;
„Може ли наредниот пат прво да се истушираш?“;
„Добро завршена работа“;
„Не ме привлекуваш сексуално. Тоа го кажа по сексуалниот однос“;
„Едно момче сопре сред сексуалниот однос затоа што сметаше дека е себично од мене да доживеам оргазам пред него“;
„Најлошо ми беше кога не ми кажа ништо. Сите се нервозни околу првиот пат и секако дека треба да се даде поддршка или пак некакво охрабрување“;
„Градите ти изгледаа многу поголемо кога носеше градник“;
„Симпатично ми е тоа што не ти е грижа што си дебела“;
„Со месеци се обидуваше да ме освои, а кога конечно спиев со него, се облече и кажа да го побарам кога ќе посакам да го повторам тоа“;
„Знам дека не сакаш да се избричеш, но можеш ли барем малку? Одвратно е“.