Мајката на Кевин од филмот „Сам дома“ глуми во една од подобрите серии за оваа година - многумина не ја препознаа: „Ми требаше многу време да сфатам дека тоа е таа“

Точка

03/12/2020

12:42

8.585

Големина на фонт

а а а

Мајката на Кевин од божиќниот класик „Сам дома“ ја рекреирала сцената од продолжението на филмот, а снимката станала вирална неколку месеци откако настанала.

Кетрин О'Хара (66) ја снимила својата реакција кога сфаќа дека го заборавила Кевин, а многумина се изненадиле кога сфатиле дека станува збор за истата личност која што ја толкува улогата на Моир Роус во серијата која што оваа година доминираше на доделувањето на наградите „Еми“.

Видеото настанало пред неколку месеци во епизодата на шоуто „Reunited Apart“, која што се фокусираше на оддавање почит на режисерот Џон Хјус. Неколку актери ги рекреирале своите сцени од филмовите, а О'Хара се појавува при крајот од епизодата.

Снимката моментално стана вирална, откако некои од Твитерџиите открија дека станува збор за Моир од серијата „Schitt's Creek“.

„Ми требаа пет сезони од „Schitt's Creek“ за да сфатам дека тоа е Моир, мајката на Кевин од „Сам дома““, е само една од реакциите на социјалната мрежа Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг