Салата од круши и фета сирење: Еве како да го направите рецептот кој се наоѓа на листата со кралски јадења

Кармин

19/10/2020

13:10

1.999

Големина на фонт

а а а

Салатата од круши е една од најнеобичните, но и тоа како им е омилена на оние кои ја пробуваат. Исто така се наоѓа на листата со кралски јадења.

Состојки:

- рукола
- 1 лажичка оцет од бело вино
- 1 лажичка сок од лимон
- 1 лажичка мед
- маслиново масло
- балсамичен оцет
- сол, свежо мелен пипер
- круши
- 120гр. фета сирење
- 4 лажички ореви
- семе од калинка  


Подготовка:

Исечете ја салатата на парчиња со посакуваната големина. За маринадата измешајте го оцетот, сокот од лимон, медот, солта, биберот и останатите состојки. Наредете ја салатата во чинија и прелијте со половина од маринатата.

Пресечете ги крушите на долги парчиња. Распоредете ги во салатата и прелијте со остатокот од преливот. Истурете го сирењето и посипете со оревите и калинката. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk