„Имавме 2 деца и живеевме во приколка“: Никол Кидман открила детали од бракот со Круз за време на снимањето на култниот еротски трилер

Кармин

08/10/2020

10:06

3.850

Големина на фонт

а а а

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се присетила на некои убави спомени од еротскиот трилер „Eyes Wide Shut“ кој го сними со поранешниот сопруг Том Круз.

Никол во искрено интервју за „New York Times“ открила дека за време на снимањето на филмот била заљубена и среќна во бракот со Том. Тие воделе толку забавен живот што дури било интересно и одењето на картинг по напорните снимања кои знаеле да траат и до 3 часот наутро. 


„Бевме среќни. По снимањето одевме на картинг, изнајмувавме простор и се тркавме до утро. Не знам што друго би кажала, можеби не сум способна да гледам на сето тоа наназад и да сецирам се. Или немам волја за тоа“, изјавила актерката.

Снимањето на „Eyes Wide Shut“ траело дури 2 години, што значи дека таа и Том во тоа време живееле во актерска приколка на сетот. Но, и покрај тоа уживале во секој момент и заедничкото време, а режисерот Стенли Кјубрик повремено ги посетувал.


„Имавме 2 деца и живеевме во приколка на сетот, правевме шпагети, а Стенли понекогаш сакаше да јаде со нас. Соработувавме со најголемиот „филмаш“, учевме за животот и уживавме во снимањето“, се присетила Кидман.

Никол се посветила на домашните обврски и својата работа откако во 1990 година се венчала за Круз на 23-годишна возраст.


„Бидејќи се омажив кога имав 23 години, не одев на забави и не излегував многу. Воглавно бев дома. Првото дете го добив на 25 години. Имав семејство, работев или бев дома“, открила таа.

Парот се разведе во 2001 година, а Том подоцна се венчаше со актерката Кејти Холмс од која исто така се разведе и со која ја има ќерката Сури. Кидман денес е во среќен брак со пејачот Кит Урбан од 2006 година и со него ги има ќерките Сандеј и Фејт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk