Инфлуенсерка која поради Ковид-19 го загуби својот сопруг, му испрати моќна порака на Трамп: „Немаме сите среќа 2 дена да поминеме во болница“

Кармин

07/10/2020

12:37

1.871

Големина на фонт

а а а

Одговоро на фитнес инфлуенсерката Аманда Клотс, на пораката на Трамп која што ја упати до Американците „да не се плашат од коронавирусот“ и „да не дозволат тоа да им доминира во животот“, стана вирален.

Имено, Аманда поради коронавирусот во мецес јули го загуби својот 41-годишен сопруг.

Нејзиниот сопруг, актерот Ник Кордеро, во болница поради компликации предизвикани од Ковид-19 поминал 95 дена, а исто така му била ампутирана и ногата.

„На сите Американци кои што ги загубија своите најсакани поради вирусот, кои ги има над 208.000, јас сум покрај вас, со вас и ве држам за рака.

За жал, ова доминираше во нашите животи, така? Вирусот доминираше во семејството на Ник и животите на моето семејство. Веројатно му дозволивме - како да беше наш избор?? За жал, немаат сите среќа само два дена да поминат во болница. Плачев покрај мојот сопруг 95 дена гледајќи што му направи Ковид, на личноста која што ја сакам. Од тоа треба да се плашиме.

Откако сте виделе личност која што најмноу ја сакате, како умира од оваа болест, никогаш не би го кажале тоа што стои на овој Твит. Тука нема емпатија за сите изгубени животи. Наместо тоа, тој се фали. Тажно. Штетно. Срамотно“ - напишала Аманта како одговор на твитот на Трамп кој што го споделила на социјалната мрежа Инстаграм.

Нејзиниот одговор добил над 300.000 лајкови, а многумина го споделиле и на другите социјални мрежи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk