Се породи Џиџи Хадид, објавата на нејзиното момче го разнежни светот: „Горд сум што ќе те нарекувам своја ќерка“

Кармин

24/09/2020

12:54

3.001

Големина на фонт

а а а

25-годишниот супермодел Џиџи Хадид и нејзиниот партнер, 27-годишниот пејач Зејн Малик, добија ќерка.

Убавата манекенка ја потврдила радосната вест на социјалните мрежи додека истото го направил и нејзиниот партнер на Инстаграм. Името на девојчето се уште не е познато, а и двајцата ја фотографирале раката на бебето заедно со своите раце и ја објавиле заедно со емотивни пораки. 

„Нашето девојче пристигна на свет овој викенд и веќе ги промени нашите животи. Те сакам“, напишала Џиџи на Инстаграм.

„Нашето девојче пристигна на овој свет, здраво и убаво. Да се обидам да ви опишам како се чувствувам моментално би била невозможна мисија. Љубовта која ја чувствувам кон ова мало човечко суштество е поголема од границите на моето разбирање. Благодарен сум што ќе те запознаам, горд сум што ќе те нарекувам своја ќерка и среќен сум поради заедничкиот живот кој ќе го имаме“, напишал Зејн на својот Инстаграм профил.

За потсетување, манекенката беше бремена за време на пандемијата на коронавирус, па се изолираше на семејната фарма во Пенсилванија за да ја одржи својата бременост безбедна. Таа и Зејн се преселиле надвор од градот за да се заштитат од метежот и коронавирусот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk